Обука за подготовка на Еразмус+ предлог проекти со менторс.помош

Obuka-za-podgotovka-na-Erazmus-predlog-proekti-so-mentors.pomosh.jpg

Обука за подготовка на Еразмус+ предлог проекти со менторс.помош

На барање на претставници од универзитети, средни и основни училишта, бизнис секторот и граѓанските органзации од Република Македонија, на 1 и 2 Декември (петок и сабота ) ќе одржиме Обука целосно посветена на Ерасмус Плус проектите. Во рамките на оваа Обука ќе се организира и бесплатна сесија на 1/12/2017 од 9:30 до 11:30.

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кои ќе се претстават отворените повици на ЕРАЗМУС ПЛУС за кои се аплицира во Брисел, и оние за кои са аплицира во Р. Македонија (со крајни рокови до крајот на февруари 2018).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Виктор Милошевски, како главен обучувач за оваа тема со богато искуство во подоготовката и спроведувањето на Еразмус Плус проекти.

Понудата вклучува дводневната обука за развој на проектни концепти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) за една од следниве Еразмус плус повици за грант поддршка (кои се отворени во моментов):
Ерасмус + централзиирани повици (за кои се аплицира во Брисел):
1.KA3 “Заеднички квалификации во стручното образование и обука (Рок 31/01/2018)
2. КА2. Алианси на знаење – Соработка за инивации и размена на добри практики (Рок: 28/02/2018)
3. КА2. Алианси на Секторски вештини – Соработка за инивации и размена на добри практики (Рок: 28/02/2018)
4. Жан Моне активности 2018 (Рок: 22/02/2018)
5. КА1. Еразмус мундус заеднички магистерски студии (Рок: 15/02/2018)
6. КА2. Развој на капацитетите во областа на високото образование (Рок: 08/02/2018)
7. КА3. Соработка со граѓански организации во областа на образованието, обуката и младите (Рок: 14/12/2018)

Ерасмус + дцентралзиирани повици (за кои се аплицира во Македонија):
1. Мобилност на индивидуи во областа на младите (Рок: 1/02/2018)
2. Мобилност на индивидуи во областа на високо образование(Рок: 1/02/2018)
3. Мобилност на индивидуи во областите на стручно образование и обука, училишно образование и образование на возрасни (Рок: 1/02/2018)
4. Стратешки партнерства во областа на млади (Рок: 1/02/2018)
5. Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите (Рок: 1/02/2018)

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците.

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) .

Пополнетата апликација за учество (на следниот линк:https://goo.gl/forms/1Sw8bmm1urb7qRxl2 ) треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail