Обука за Подобрување на стандардите за изведба на УЈИЕ

picture1624.png

„Подобрување на стандардите за изведба на УЈИЕ“ беше клучната тема на програмата за обука на администартивниот и на академскиот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа. Оваа програма за развој беше организирана од канцеларијата за обезбедување квалитет на УЈИЕ.

 

Во своето воведно излагање, Извршниот советник за обезбедување на квалитет – проф. д-р Вероника Карева ја истакна важноста на оваа сесија за академскиот и административниот кадар, бидејќи создава можности да се анализира секој инструмент за обезбедување квалитет и да се идентификуваат областите за подобрување.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, во својата презентација за напредокот на Универзитетот, даде ретроспектива на активностите и чекорите што се преземени кон напредокот и успешното патување на оваа институција, во услови кога македонската правна рамка за образование е прилично сложена.

Нашиов Универзитет успеа да ја задржи позицијата на лидер во регионотв не само со различниот пристап со студентите, туку и во промовирање на новини во наставата и во промовирањето на научните иновации и критичкото размислување кај студентите. Ние сме во ера на технологијата и секогаш се прилагодуваме на овие промени, секогаш подготвувајќи дипломирани студенти кои ќе го предизвикаат пазарот на трудот“, истакна Дика.

Претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон, отвори дискусија за Предлог-законот за високо образование, давајќи им можност на вработените да ги презентираат своите ставови за одредени одредби со цел да обезбеди подобра правна рамка за високо квалитено образование споредливо со европските стандарди. Во овој дел имаше неколку идеи кои можат да придонесат за подобрување на нацрт-текстот на овој Закон.

Други теми кои се обработуваа беа: „Подобрување на изведбата базирана на клучните индикатори за изведба“, „Обележување на разликата: успешна промоција“, „Поттикнување публикации во веб оф сајанс“, „Подобрување на предавањето и учењето во високото образование“, „Подобрување на присуството на студентите: Случај на Факултетот за БЕ“, „Промовирање на учењето насочено кон студентите: како да се постигне поквалитативна академска поддршка за студентите“, „Подобрување на квалитетот на магистерските студии “,” – и „Промовирање на новата понуда: Компјутерски криминал и подготовка на правосудниот испит“.

Во мешани групи беа опфатени следниве теми: „Профил на истражување” – модератор проф. д-р Насир Селими; „Студентска евалуација“ – проф. д-р Јаумин Ајдари; „Достигнувања на студентите“ – доц. д-р Хирије Абази; „Дигитален профил“ – проф. д-р Јусуф Зекири; и „Опсервација на наставата“ – доц. д-р Елена Спировска, додека темата „Креирање квизови на Гугл- училница“ беше презентирана од Бурим Исмаили.

Генералниот секретар на УЈИЕ, д-р Џеваир Мемеди, ја презентираше темата: „Стандарди за административните услуги – разгледување на инструментите за задоволство од услугите“.

Провостот, проф. д-р Ендрју Гудспид, ја презентираше темата „Академска промоција и истражување“.

„Подобрување на предавањето и учењето во високото образование” беше презентирана од проф.д-р Лејла Абази-Беџети, додека „Подобрување на присуството на студентите: Случај на Факултетот за БЕ“ беше презентирано од проф.д-р Изет Зеќири .

„Подобрување на изведбата базирана на клучните индикатори за изведба“ беше презентираана од проректорот за претприемништво, проф д-р Бесник Фетаи.

Советникот на ректорот доц.д-р Демуш Бајрами ги презентираше идните чекори кои водат кон „Обележување на разликите: успешна промоција“.

Дискусиите во групи за унапредување на УЈИЕ беа модерирани од: Доц. д-р Џемал Зенуни, проф. д-р Арафат Шабани, доц. д-р Агрон Рустемми, Доц. д-р Садри Алији и доц. д-р Блертон Синани.

На темата „Поттикнување на објавувањата во Веб оф сајанс“, сесии по дисциплини (за јазици, комуникации, менаџмент, економија, претприемништво и компјутерски науки) беа презентирани од проф. д-р Бујар Хоџа, проф. д-р Веланд Рамадани и проф.д-р Ѓоко Стаменков.

Во рамките на конкретниte сесии на факултетите беа разгледани неколку важни теми. На Факултетот за бизнис и економија, деканот проф. д-р Изет Зеќири, продекан доц. д-р Садри Алиџи и проф. д-р Мурат Садику го претставија прегледот на дискусијата и препораките од состанокот на тимот за обезбедување квалитет. Факултетот за јазици, култури и комуникации дискутираа за „Подобрување на квалитетот на магистерските студии“, кој беше модериран од деканот проф. д-р Гезим Џафери. На Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Флорие Шабани, ја презентираше темата „ Што може да направи дипломираниот од компјутерски науки за да ја подобри неговата/нејзината биографија “.

На Факултетот за јавна администрација и политички науки темата „ Промовирање на учењето насочено кон студентите: како да се постигне поквалитативна академска поддршка за студентите“, беше презентирана од деканот, проф. д-р Мемет Мемети и продеканот доц. д-р Агрон Рустреми.

На Правниот факултет, деканот, доц. д-р Емине Зендели и доц. д-р Арта Селмани, ја презентираа темата „Промовирање на новата понуда: Компјутерски криминал и подготовка на правосудниот испит“, додека во Јазичниот центар г-ѓа Емили Досон ја презентираше темата „Кооперативно учење“. На посебна сесија новиот систем за јавни набавки го претставија Бесник Џеладини и Ментор Емини.

Вреди да се напомене дека УЈИЕ има сериозен пристап кон систематските процедури за обезбедување на квалитет. Повеќето од наведените теми се од стратешка и академска природа, но се поврзани и со областа на менаџментот и администрацијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top