Обуки за вработување на лица со попреченост

employee-in-wheelchair.jpg

„Отворете ги прозорците“ и здружението „Конект“ денеска ќе го најават повикот за учество на 120 лица со попреченост на неколку обуки кои ќе поттикнат нивно активно вклучување на отворениот пазар на трудот.

По завршувањето на обуките, до крајот на проектот, најмалку 10 лица со попреченост ќе бидат поддржани да добијат нова работа.

Повикот се објавува во рамки на проектот „Вработување лица со попреченост – одржлив модел“, а ќе биде најавен денеска на прес-конференција.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а ќе се спроведува во наредните четиринаесет месеци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.