Очајна студентка го бара мистериозното момче од авионот: По 10 часа лет верува дека тој е “оној вистинскиот”

h8P7n-jomaica-alfiler-620x350.jpg

Студентка од Сиетл во текот на 10-часовен лет седела покрај мистериозен странец, а сега очајно сака да стапи во контакт со него бидејќи верува дека тој е “оној вистинскиот”.

21-годишната Јомаица Алфилер во вторникот летала со авион од Франкфурт до Сиетл, а покрај неа седел “згоден маж со околу 20 години”, пренесува “Daily Mail”.

Парот кратко разговарал во текот на долгиот лет, а џентлменот и помогнал на Јомаица, која има потекло од Филипините, со багажот.

Таа сега преку својот Фејсбук профил моли за помош во потрагата по овој странец, бидејќи, како што напишала, заборавила да го праша за презимето и бројот на телефон.

На овој начин се надева дека повторно ќе стапи во контакт со него.

“Згоден, млад човек, црна коса, мислам дека носеше црни адидас патики, портокалова маица и фармерки”, го опишала таа.

Девојката открила дека размениле насмевки кога се виделе, а почувствувала и хемија меѓу нив.

Се надеваме дека ќе го најде својот “принц на бел коњ”.

извoр: точка.мк

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail