Од 185 квадратни метри преминала во само 8 – Станала посреќна и почнала бизнис!

zena-1.jpg

Ди Вилијамс некогаш живеела во куќа со површина од 185 квадратни метри која имала дури три спални соби. Меѓутоа, патувањето во Гватемала и го променило животот, бидејќи таму помагала во изградба на локални училишта и сфатила дека нејзината куќа е преголема за неа и дека не и е потребна.

Кога одлучила драстично да го промени својот стил на живот, потрошила 10 000 долари на својата нова куќа, од што 5 000 долари отишло на материјали, а другата половина ја вложила во соларни панели и специјални прозорци со ниска топлотна емисија.

Таа во Портланд, во американската држава Орегон, 3 месеци го градела својот нов дом, а потоа го закачила за камион и го донела во дворот на своите пријатели во Вашингтон. Патувала 7 години без престанок, но во последните две години одлучила да ги запре своите тркала.

Нејзината нова куќна површина од 8 квадратни метри претставувала почетна идеја за отворање на сопствена компанија која се занимава со создавање на минијатурни куќи и останати работи и простори кои одговараат на димензиите на човечко тело.

Иако на почетокот било тешко „да ползи“ во новата куќичка, со времето се навикнала на малку работи и почнала своите фотографии да ги смета за обични хартии. Скромниот и практичен дом ја направил среќна и сфатила дека тоа е единственото нешто што и е потребно за живот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail