Од 2020 година сите нови автомобили ќе мора да имаат автоматско кочење

automatic-brakes1.png

Четириесет држави од светот вчера во Женева се договорија за нацртот на новата уредба на Обединетите нации за задолжително вградување систем за автоматско кочење (AEBS) во сите нови автомобили и лесни комерцијални возила. Меѓу државите кои го прифатија овој нацрт е Јапонија, како и сите земји членки на ЕУ.

На идниот состанок во јуни, кога ќе биде готова уредбата, државите членки на ОН ќе гласаат дали ќе ја прифатат или не. Сите кои ќе ја прифатат новата одлука ќе мора во сите нови автомобили да вградуваат технологија која со помош на сензори следи колку е блиску некој објект или пешак до автомобилот.

Тој систем ќе биде вграден во сите персонални и лесни комерцијални возила, а ќе работи до брзина од 60 км/ч по принципот автоматско кочење. Според проценките, оваа нова уредба на ОН ќе засегне околу четири милиони произведени возила во Јапонија и околу 15 милиони во Европа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail