Од 31. октомври лет Скопје – Минхен за 39.99 евра

avioni.jpg

Започнувајќи од 31. октомври се отвара нова линија од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до Минхен до аеродромот „Франц Јозев Штраус“, кој е главниот аеродром во овој германски град.

Летот Скопје-Минхен ќе го има два пати неделно, односно секој вторник и петок со авион Ербас А320-200, со капицитет од 174 седишта на нискобуџетната компанија Еуровингс.

Според официјалните претставници на авиокомпанијата, најниските цени за авионските билети ќе почнуваат од 39.99 евра.

– Уверени сме дека ова е одлична вест за патниците и во Македонија и во Германија бидејќи ќе имаат уште еден директен лет што ќе ги поврзува двете земји. Ова исто така го означува и почетокот на работењето на Еуровингс, како нискобуџетна авиокомпанија, на македонскиот воздухопловен пазар. Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде поврзан со главниот аеродром во Минхен, што ќе претставува одличен избор и можност за продлабочување на комуникацијата меѓу двата града. Друг важен факт за Еуровингс како членка на групацијата Луфтханза, е дека нашите патници, не само од Македонија, туку и од регионот, ќе имаат дополнителни конекции и во Европа и на интерконтинентално ниво надвор од Минхен – изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Билетите за летовите на оваа линија се веќе во продажба преку веб-страницата на авиокомпанијата eurowings.com.

– На 31 октомври ќе се означи почетокот на нашите операции во Македонија, со отворањето на линијата Скопје–Минхен, како единствена воздушна конекција меѓу двата града. Среќни сме што Скопје се приклучува на нашата глобална мрежа од 150 дестинации. Веруваме дека оваа линија ќе обезбеди фантастични нови можности за зајакнување на релациите меѓу Македонија и Германија, а со тоа и дека ќе им овозможи на патниците од двете земји полесно да ги доживеат двата одлични града, Скопје и Минхен. Ги охрабруваме сите патници да ја посетат нашата веб-страница eurowings.com каде може да се резервираат и да се купат авионските билети, со цени кои почнуваат од 39.99 евра, изјави Иван Ореч, Директор за развој на мрежата на авиолинии на Еуровингс.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail