Од 8 до 14 септември Саем на книгата на отворено

Od-8-do-14-septemvri-Saem-na-knigata-na-otvoreno.jpg

Од 8 до 14 септември Саем на книгата на отворено

Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти на Саемот за книга 2020 што ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од македонската влада, за Саeмот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста првпат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail