Од апокалипса не делат 4 степени: Македонија, Хрватска, БиХ и Словенија ќе бидат пустини!

pustina-pixa-mkd.jpg

Еден од водечките светски климатолози Параг Кан предупредува дека Европа би можела сериозно да биде погодена од климатските промени. Еве што ќе се случи со Македонија, а и земјите од регионот…

Ако температурата биде повисока за четири степени, ќе дојде до зголемување на нивото на светските мориња, вели вишиот научен соработник во Ценарот за Азија и глобализација на Универзитетот во Сингапур. Тоа значи дека крајбрежните подрачја ќе бидат поплавени, а станува збор за простори на кои живеат стотици милиони луѓе.

Европа тогаш полека ќе се претвори во пустина, додека северна Канада, Скандинавија и Сибир би можеле да станат светски житници, и нов дом за стотици милиони бегалци, наведуваат научните портали.

Според тоа сценарио повеќето држави на Балканот ќе станат пустини во кои животот ќе биде невозможен. Во случај на пораст на температурите, азил за поголемиот дел од населението ќе стане Нов Зеланд, Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и северна Русија.

Тоа практично ќе бидат единствени населиви подрачја на светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail