Од денеска во продажба билетите за „Златна бубамара“

10022017103308_web_bubamara.jpg

Еден дел од билетите „Радио бубамара“ обезбеди и за гледачите кои сакаат да бидат насмеани и да уживаат во живо во „Метрополис арена“. Билетите ќе бидат пуштени во онлајн продажба, денеска во 12 часот, преку „МК Тикетс“, а ќе може да се купат најмногу до 4 билети.

Порано, кога билетите се продаваа пред Универзална сала, имаше редови и истите беа продадени за еден час, а последните години, преку онлајн продажба, тоа се случуваше за само 15 минути.

На 20 февруари, со почеток од 20 часот, во Метрополис-арената ќе се одржи јубилејното 20-то издание од манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

– Публиката со нетрпение го очекува годинашново специјално издание на „Златна бубамара“, манифестација која на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и овации за наградените. Специјалниот штаб за добра забава предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет. Мотото на манифестацијата е „Што ќе биде, нека биде!“ – велат организаторите.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail