„Од ѕид во чинија“, нов концепт во берлински ресторан

od-zid-vo-cinija.jpg

Концептот „од фарма во чинија“, не е ништо во споредба со концептот „од ѕид во чинија“. Во ѕидовите на еден ресторан во Берлин се поставени стаклени витрини каде се огледува храната од менито и свежа им се служи на клиентите.

„Видовме дека нешто треба да се промени во прехранбената индустрија. Ни требаше поттик од младите генерации. Значи, нашата фарма функционира на овој начин, ние садиме, чекаме четири недели и пред клиентите, секој ден береме свежи зеленчуци“, вели Ема Паулин- косопственичка на ресторанот

Сопствениците велат дека отворањето на ваков ресторан во урбана средина во најдинамичниот дел на Берлин, не е лесна, но е интересна и вносна работа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top