Од Хрватска си заминале 525 лекари

doktoriiii.jpg

Хрватската лекарска комора сооопшти дека за три ипол години земјата ја напуштиле 525 лекари и побара од Владата да преземе мерки со кои ќе ги мотивира лекарите да останат.

Хрватската новинска агенција Хина наведува дека како една од причините за овој проблем е Правилникот за специјализација со кој на специјализантите им се укина обврската да се вратат во болницата или во здравствениот дом кој им давал плата за време на специјализацијата, со што им се овозможува да заминат со значително помала отштета.

Новиот министер за здравство Милан Кујунџиќ ќе треба да најде решение и за санирање на загубите од четири милијарди куни (1 куна=0,13 евра) на крајот на 2016 година.

Тој изјави дека средствата предвидени за здравството со буџетот за 2017 година не се доволни за одржување на постојното ниво на здравствена заштита и најави рационализација на здравствениот систем и реформа на болничкиот систем.

Хина дополнува дека важен успех во 2016 година е постигнат на полето на трансплантацијата, наведувајќи дека со 40 донори на милион жители Хрватска е во врвот во светски рамки, прва по бројот на трансплантација на црн дроб и бубрези, а втора по пресадување на срце.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top