ohridski-aerodorrm.jpg

Сите ремек-дела на Виена, заедно со кафетериите кои се посебен дел од културата на овој град, како и динамичните и живописни пејсажи, нудат огромен спектар на активности за сите посетители.

–Како авиокомпанија со своја база во Македонија, Виз ер секогаш се стреми кон проширување на својата мрежа и кон обезбедување на многу поприфатливи можности за патување што секогаш оди под рака со одличната услуга за време на летовите за уште повеќе клиенти. Денес ја најавуваме долгоочекуваната авиолинија до Виена од Охрид, која ќе почне да сообраќа на 15 ноември 2018 година и ќе биде одлична дестинација за одмор за нашите патници. Нашиот посветен тим со нетрпение очекува да им посака добредојде на новите и на постојните патници на која било од дестинациите што се достапни од Охрид, истакна Сорина Рац, менаџер за корпоративни комуникации на Виз ер.

Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија истакна дека ова е 4-та ваква дестинација од Охрид.

–Среќни сме што ја додаваме Виена како редовна дестинација од охридскиот аеродром, чија фреквенција ќе биде 3 лета неделно. Виена како дестинација ќе биде 4-та по ред авиолинија од Охрид што ќе сообраќа во текот на целата година, по Цирих, Базел и Лондон. Заедно со трите нови сезонски дестинации, најавени дека ќе се воведат во текот на претстојната летна сезона, сигурни сме дека ќе придонесе за значаен пораст на авиосообраќајот на охридскиот аеродром во текот на 2018 година, рече тој.

Одговарајќи на побарувачката на своите клиенти и потрагата за создавање поприфатливи можности за патување, Виз ер и понатаму ја збогатува својата мрежа од Македонија, со што во 2018 година ќе понуди вкупно 30 авиолинии во 14 држави, достапни од двата македонски аеродрома што понатаму ќе придонесе за зголемување на дојдовниот и појдовниот туризам, како и за унапредување на бизнис-врските меѓу државите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail