Од петок поларни температури и под -20

s-n-e-g-8.jpg

Врнежи од дожд на пониските места и снег на планините, најавува од попладне УХМР. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Значителна промена на времето ќе има од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Најобилни врнежи ќе има во четврток попладне во северните и во петок претпладне во источните делови од земјава.

До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Утринската температура на места ќе се спушти и под минус 20 степени, а максималната ќе се задржи негативна во интервал од минус 12 до минус 4 степени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail