Од понеделник до петок работи во фирма, а за викенди во овоштарник со малини

malini.jpg

Драган Јовиќ од Белград иако работи во голема компанија и има завршено Земјоделски факултет, сфатил дека има пари во бизнисот со малини и засадил површини кај Куршумлија.

Јовиќ има 30 години, земјата ја наследил од родителите кои наскоро ќе одат во пензија и од нив очекува помош.

Првата година вложиле 5000 евра, а до првата берба 200.000 динари.

Оваа година имаат род од 3.5 тони и се во очекување на цената.

„Првиот род е најмал и очекуваме дека следната година ќе биде за 30% поголем. Секако сме во плус, само што сме далеку, па имаме трошоци и плаќаме сезонски работници. Правиме добро дело за многу сезонци во Куршумлија кои сакаат да работат“ – вели Јовиќ.

Србија со години е еден од најголемите извозници на малини, а српските се споредуваат со полските малини.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail