Од позната плажа со 1 000 евра ќе се казнува земањето камчиња

plaza.jpg

Туристите кои како сувенир ќе понесат камчиња од плажата Лаларија, една од најпопуларните на грчкиот остров Скијатос, може да се соочат со казна и до 1 000 евра.

Властите на островот Скијатос преку високите парични казни имаат намера да ги сочуваат белите камчиња на плажата кои природата ги таложела со векови, а туристите ги собираат во своите џебови и со тоа сериозно го нарушуваат изгледот на познатата плажа.

Геолозите предупредуваат дека доколку продолжи изнесувањето на камчиња, плажата би можела трајно да се загрози, па властите по должина на плажата поставиле табли што ги предупредуваат посетителите дека е забрнето собирањето камчиња.

Туристичките интернет-страници напоменуваат дека оние кои ја игнорираат забраната може да се соочат со парични казни од 400 до 1 000 евра. Меѓутоа, не се само туристите виновни за намалувањето на белите камчиња на плажата.

Многу Грци од Скијатос ги користат овие уникатни бели камчиња за да ги декорираат своите домови и за изработка на мозаици во дворовите. До плажата Лаларија може да се пристапи само по воден пат, а во светот е позната по своите блескаво бели камења, бистрата тиркизна вода и спектакуларната карпа во форма на лак која е во нејзина близина.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail