roaming.jpeg

Врз основа на регионалниот договор, потпишан од страна на земјите од Западен Балкан, од утре стапува на сила обврската за намалување на цените за роаминг за 27 отсто.

Почнувајќи од утре па до 30 јуни 2021 година, се предвидува постепено намалување на цените на роаминг во неколку фази:

Од 1 јули 2019, потоа од 1 јануари 2020 година и од 1 јули 2020, со цел на 1 јули 2021 година да биде целосно укинат роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, односно корисниците за роаминг услуги да плаќаат под истите услови кои се применуваат во домашниот телефонски сообраќај. 

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април, на вториот Дигитален самит во Белград, меѓу земјите од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Албанија и Косово).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail