Денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4. Февруари, беше одбележан во Штип.
Традиционално, на овој ден, делегации на институциите и установите кои го нсоат неговото име, како и од Локалната самоуправа во Штип, му оддаваат почит на Гоце Делчев пред спомен рељефот на Делчев, кој се наоѓа на објектот кој сега е Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“, а некогаш бил училиште во кое учителствувал револуционерот. Од име на Универзитетот „Гоце Делчев“, свежо цвеќе на рељефот положи Ректорот на УГД, проф. Д-р Блажо Боев.
Извор: УГД