Одбележани 70. години на театарот „Војдан Чернодрински“

Kover-plakat-teatar-660x330-1.jpg

На 18 февруари годинава  се одбележаа 70. години од формирањето на Театарот „Војдан Чернодрински“, кој низ овие седум децении се развивал и растел акцентирајќи го домашното драмско творештво.

Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса, за денес да биде врвен ансамбл со 18 актери, кој реди успеси не само во Македонија, туку и во странство..

Годишнината ќе се одбележува од 17 до 23 февруари, со манифестацијата насловена „Недела на театарот“ во која ќе бидат прикажани премиерата на „Лажговци“, во режија на Коле Ангеловски, пет претстави и проектот „Глумците пеат“.

Завеста првпат се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои стапнале на сцената биле Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски…

Потоа Мирко Стефановски, Рампо Конески, Кирил Ќортошев, Благоја Дамески, Правда Илиќ, Нада Стефановска, Кирил Жежоски, Јосиф Јосифоски, Димитар Гешоски, Љубиша Трајковски, Нада Гешоска, Живка Лабетиќ, Блага Алампиоска, Методија Петкоски, Блаже Алексоски, Лилјана Ракиџиева, Ева Глишиќ, Лидија Иваноска, Кирил Ристоски, Трајче Иваноски, Благоја Ивчески, Благоја Спиркоски Џумерко, Димитар Вандески, Петар Димоски….Па следуваат Марјан Чамакоски, Андон Јованоски, Цветанка Чавлеска, Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Игор Трпчески, помладите Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Димитар Црцороски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Катерина Чакмакоска Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Никола Настоски, Александар Степанулески, Илија Волчески….

Во 70 години, Театарот „Војдан Чернодрински“ кој сега е дел од НУЦК „Марко Цепенков“, прикажал околу 350 премиери и околу 7000 претстави кои ги гледале над 1,5 милиони луѓе.

Најгледани и наиграни претстави низ годините се „Од кол на кол 1“ во режија на Коле Ангеловски и „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, исто така во режија на Коле Ангеловски.

Голем успех во минатото е постигнат и со претставите „Цена“, „Од глаата си патиме“, „Силјан Штркот“, „Лулка“, „Медеја“, „Кумови“, „Собирен центар“, „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Молам за секс“, „Градење црква“, „Коста Саруфте“ „Глоговиот џбун“ итн.

Белег во повеќедеценискиот растеж на Театарот дале и претставите „Спиро Црне“ од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, „Колобан“ од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј“ од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица“ од Христо Бојчев и „Опера за три гроша“ од Б. Брехт – и двете во режија на Владо Цветановски.

Во досегашното постоење, претстава која со најголем успех го освои вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со „Тапаните“, Театарот се вивна високо не само во земјава, туку и надвор. Освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Не помалку наградувана е и „Кавкаскиот круг со креда“, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот Екс Понто во Љубљана, Словенија, а потоа и за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Блаже Алексоски, Благоја Ристески-Платнар, Трајче Крстески, Василе Димески, Петар Петрески итн.

НАГРАДИ ЗА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

1.2018 година

НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ЗА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„КЛЕТНИЦИ“ според романот на Виктор Иго, режија Мартин Кочовски

2. 2017 година

НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА ВО ПРЕТСТАВАТА

„ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА“ , режија Наташа Поплавска

3. 2015 година

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА И ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА КЛАСИКАТА за претставата

„СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“, режија Нела Витошевиќ

4. 2013 година

НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„ЗМЕЈОВАТА НЕВЕСТА“ од Молеров, режија Нела Витошевиќ

5. 2010 година

НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски

Награда за сценски движења за „Кавкаскиот круг со креда“

6.2009 година

НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„ТАПАНИ ВО НОЌТА“ од Брехт, режија Мартин Кочовски

7.1998 година

НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„ПОЛКОВНИКОТ ПТИЦА“ од Х. Бојчев, режија Владо Цветановски

8.1972 година

НАГРАДА ЗА УМЕНТИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„ЦЕНА“ ОД Милер, режија Ацо Алексов

9.1970 година

НАГРАДА ЗА УМЕНТИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА

„ОД ГЛААТА СИ ПАТИМЕ“ режија Ацо Алексов

извор: екран

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail