Одбележување на Светски ден на филозофијата

svetski-den-na-filozofijata.jpg

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија, денеска и утре ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата, востановен од страна на УНЕСКО.

Првиот ден од одбележувањето ќе започне со традиционалниот Мал концерт (трио гитари) на студенти од Факултетот за музичка уметност, по што следува Беседа за филозофијата со тема „Времето во филозофијата“ и проф. Анета Маркоска Чубриновска од Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд, промоција на списанието Филозофска трибина 19 и гостување на Групата за проучување на ангажираноста од Институтот за филозофија и општествена теорија од Белград.

Вториот ден ќе почне со одржување на симпозиумот „Философијата и мирот“ во кој во три блок сесии ќе учествуваат филозофи, професори и истражувачи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail