Одбојкарите на УГД со најголем успех до сега

54f5be3ea3d707845e48b51427471fd9_XL.jpg

Машката одбојкарска екипа на УГД го постигна најголемиот успех до сега, се пласираа меѓу четирите најдобри екипи на Македонија.

Одбојкарите на „УГД студент“ ја победија по вторпат екипата на „Борец“ од Велес со 3 : 1 во сетови. Првата средба „УГД студент“ ја победи со 3 : 2. Со оваа победа машката екипа на УГД се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија што претставува извонреден успех.

За полуфиналните натпревари ќе следува ждребување, по што кон крајот на март ќе се знае кој ќе биде противникот на екипата на „УГД студент“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail