Одбојкарите на УГД вицешампиони во младинска конкуренција на Македонија

d50ace0c29db9ed14b87bbbc3592d4ac_XL.jpg

Одбојкарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ на завршниот турнир, кој се одржа во Струмица, го освои второто место во младинска конкуренција. Клубот на УГД во полуфиналето ја совлада екипата на Борец од Велес со 2:0 во сетови, а во финалниот меч загуби од екипата на Струмица со резултат од 3:0.

Ова е еден од најголемите успеси на тимот на УГД под водство на тренерот Ване Санев. Следно кадетите одбојкари на УГД ќе се натпреваруваат во завршниот турнир во кадети, кој ќе се одигра во Скопје и во полуфиналето ќе играат со екипата на Вардар од Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail