Одбојкарските екипи на УГД на пиедесталот во државата

f717befa527fe33477b3aff196b18d13_XL.jpg

Минатиот викенд кадетите на „УГД студент“ во полуфиналниот натпревар загубија несреќно против екипата на „Вардар“ од 2:1, а во борбата за трето место го победија „Борец“ од Велес со 2:1. Со ова екипата на „УГД студент“ кадети го освои третото место во државата и го постигна својот најголем успех до сега. Натпреварувањето се играше во Скопје.

Да потсетиме дека во претходниот викенд и младинците на „УГД студент“ се закитија со второ место во државата. Тоа е голем успех за машката одбојка во Штип.

Во женска конкуренција и кадетките на „УГД студент“ во финалето, кое се одигра во Струмица, загубија од екипата на „Наковски волеј“ со 3:0 и со тоа го освоија одличното второ место во Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail