Одгледување Лаванда одличен бизнис

lavanda-in-fiore-14.jpg

Велат дека за да имаш добивка ти требаат најмалку 3 години. Работата е напорна и не се така како што ќе ти сервираат оние кои ти го продаваат семето .Вака вели Лилјана која одгледува Лаванда на Стара планина!Но ако си упорен се ти се исплати на крај!.

Иако лавандата најчесто успева на Медитеранот, постои место во Србија каде што осма година по ред оваа лековита билка се одгледува и дава одлични приноси!

Најголемата плантажа на Балканот се наоѓа на Стара Планина. Сликата не е ниту од Италија, ниту од Франција, кои се познати по огромните добро уредени плантажи со лаванда. Ова место било запуштено и скоро и да нема жители. Но, за среќа има и такви луѓе кои знаат да забележат потенцијал и имаат визија и храброст да почнат нешто ново онаму каде што другите изгубиле надеж. Целиот овој рид со лаванда е денес такој благодарение на вербата, истрајноста, работата и вложените финансии на Лилјана Петровиќ од Србија. Инаку Лилјана Петровиќ е поранешната менаџерка на Тоше Проески

„Имаше многу работи кои не ги знаев. Иако многу често патував во Франција, сепак, праксата е нешто сосема друго. Значи, она што го гледате нема врска со она што ве очекува, ако решите да се занимавате со овој бизнис.“ – вели Лилјана.

Почетоците биле мошне тешки, но кога ќе го постигнете резултатот ќе си речете – ВРЕДЕШЕ!

Лавандата најпрвин се коси, потоа се обработува земјиштето и на крај цветот се истовара во приколки. Сето тоа на крајот завршува во казани за дестилација. Некогаш бербата се правела рачно, сега постојат машини кои заменуваат и до 10 работници. Лилјана нема намера да ги проширува површините, туку бројот на кооперанти.

„Лесно е да им кажете на младите, аха, може да посадите, профитабилно е! Сето тоа е супер, но што понатаму? Воопшто не е лесно да се направи дестилерија, сушара… Тоа чини и тоа многу.“ – вели Лилјана.

Вложувањата во посевите со лаванда се исплаќаат 3 години по првото садење. Имајќи на ум дека маслото од лаванда има органски квалитет, неговата цена достигнува и од 70 до 90 евра за килограм. Но таа додатно одгледува и смил, чие масло чини неверојатни 1800 евра литар..Во Србија се уште  нема развиен пазар за овој продукт, па сите произведени количини се извезуваат во Белгија.

За истиот бизнис се одлучило уште едно семејство од Белград. Тие се преселиле во Крушевац за да одгледуваат лаванда… Задоволни од успехот на првата жетва, тие велат дека се навистина изненадени од резултатот по само една година работа.

“Садниците, сувиот цвет и лавандата ја продаваме преку интернет. А полека ја разработуваме и дистрибутивната мрежа“, – објаснуваат од семејството Живковиќ. “Бевме упорни, па затоа ни се отворија и шансите. Најмногу сме среќни поради тоа што нашите деца навистина ја засакаа природата“, – се нивните завршни зборови.

Добар пример да се размисли за бизнис во Македонија или не?

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail