Одлична понуда на книги на “Летен саем на книга“

saem.jpg

Од денес па сѐ до 13 јуни воорганизација на Скопје Сити Мол и Здружението на издавачите и книжарите на Македонија ќе се одржи “Летен саем на книгата“,на кој ќе бидат понудени илјадници наслови од различни жанрови и автори.

Традиционално секоја година во пресрет на летото и летните одмори, Скопје Сити Мол ја збогатува својата понуда за посетителите со книги. Овогодинешни учесницина саемот се: Просветно Дело, Икона, Детска Радост, Матица, Магор, Нампрес, Логос А, Бата Прес и издавачката куќа Венеција, што гарантираизвонреден избор на книги и стручна литература по специјални саемски цени.

Покрај продажниот дел, саемот е збогатен со детско катче, игри на социјалните медиуми и други изненадувања. Саемот се одржува во приземјето на Скопје Сити Мол, а сите љубители на пишаниот збор може да го посетат секој ден од 10:00 до 22:00 часот.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail