Одлична вест од Телеком: Бесплатни услуги за сите корисници кои имаа прекин

telekom2.jpg
Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на вчерашниот ден како последица на невремето, во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.
„Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет“, соопштуваат од компанијата.
Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за јуни.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail