Одлични вести: Македонците слободно ќе патуваат во овие 5 европски земји

20140528-lista-na-globi-za-soobrakjajni-prekrshoci-vo-r-makedonija-m.jpg

Во пет држави може да возите со македонска возачка дозвола без да имате обврска повторно да полагате возачки испит. Станува збор за Италија, Шпанија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Како што пишува порталот еМагазин, на носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на која било од овие пет држави не им е потреба меѓународна возачка дозвола. Сите кои претстојуваат на територијата на овие држави можат во секое време да побараат да се изврши замена на возачката дозвола.
Покрај овие европски земји, меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со БиХ, Чешка, Бугарија, Хрватска, Слоенија, Романија, Унгарија, Белгија и Австрија. Во тек се договори за признавање на возачките со Косово, Турција, Германија, БиХ и Белика британија.
Од земјите во регионот, македонската возачка дозвола единствено не е признаена во Грција и не се врши нејзина замена па така граѓаните кои сакаат да возат во оваа земја мора да имаат меѓународна возачка дозвола.
Извор: еМАГАЗИН
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail