Одлични вести за сите невработени лица до 29 години

agencija1-80288.jpg
Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување на Република Македонија од 2008 година успешно ја спроведува активната политика/мерка – Проект за самовработување со кредитирање, со кој на корисниците на кредити им се овозможи да започнат сопствен бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. Врз основа на постигнатите позитивни резултати и заради големиот интерес од невработените лица, Владата на РМ ги продолжува активностите за континуирано спроведување на оваа активна мерка.
За сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да бидат дел од овој проект на Владата на РМ, ги известуваме дека Агенцијата за вработување на РМ, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС до невработените млади лица до 29 години
Барање за кредит може да достават евидентирани невработени млади лица до 29 години без оглед на времетраењето на невработеноста, односно лица со статус (200) невработени лица активни баратели на работа кои се на евиденција 1 ден пред
објавување на јавниот оглас.
Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:
– за кредитобарателот по 7. 000 евра, a за секое новоотворено работно место дополнителни 1. 000 евра на основниот износ од 3. 000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23. 000 евра;
– Рок на враќање на средствата е 7 години (84 месеци) односно период на отплата 66 месеци (5, 5 години) и грејс период од 18 месеци (1, 5 години);
– Каматна стапка од 1 на годишно ниво;
– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);
-Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1 :2 во износ на одобрениот кредит.
Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во период од 03. 05. 2017 година до 16. 05. 2017 година, во работните клубови на 30те Центри за вработување на Република Македонија.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 -те Центри за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02/3138434 и web страната www. avrm.gov.mk.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail