fakultet.jpg

Младите не сакаат да живеат во држава во која дишат загаден воздух, во која здравството и образованието не функционираат и каде непотизмот, врските и партиските книшки се критериум за да добијат работно место. Токму поради тоа велат решаваат да ги спакуваат куферите и да се иселат од земјава.

„Во странство нема толку непотизам и корупција како што има во Македонија.Многу полесно е да изградиш кариера, бидејќи кај нас се мора со мито и со врски да се решава, платите се ниски. Јас лично прво сакам да се отселам поради здравството, бидејќи имаме ужасно здравство, второ поради воздухот, не сакам да живеам во место каде што можам да добијам рак од воздухот што го дишам, така што не е само економскиот фактор во прашање“. – вели студент на ФИНКИ.

Главната причина би било неразвиеното општество, поради тоа што младите имаат повеќе можности во странство, а платите исто така се многу важни. Државата не знае колку млади луѓе ја напуштиле земјава. Од заводот за статистика велат дека го чекаат пописот и засега немаат начин на евидентирање, но факт е дека иселувањето е интензивно. Бизнисот веќе се соочува со недостиг на работници. Дел од работодавачите велат дека тешко наоѓаат стручен кадар.

„Најголем предизвик е тоа што нема луѓе. Се помалку има луѓе. Тие што се останати во нив треба да се инвестира, првично во нивниот личен развој за луѓето да добијат мотивација и чувство на припадност во компанијата. Предизвици секогаш има, затоа што се е процес и се се менува, а на нас е дали ќе се развиваме во тој процес. Се повеќе се инвестира во луѓето, но се уште не доволно, бидејќи мислат дека ако инвестираат ќе им избегаат луѓето, а замислете да не инвестирате воопшто.“ – вели – вели Апостол Симовски – Директор на Државен завод за статистика.

Податоците на Светска Банка пак, се поразителни и покажуваат дека околу 500 000 луѓе или околу 25 проценти од Македоците веќе се иселиле од земјата. Населението старее, стапката на наталитет значително е намалена, а Светска банка тврди и дека имаме најбројна дијаспора.

ВИДЕО НА 24.МК

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail