Одобрен лек за третирање на повеќе видови на рак

kancerrrr.jpg

Американската управа за храна и лекови (FDA) за прв пат го одобрила лекот „Китруда“ (Keytruda), за третман на било кој вид на рак кој има одредени генетски биомаркери, независно од тоа во кој дел од телото потекнува ракот.

Ова е прв пат еден лек да се користи за третирање на поголем број органи, под услов туморите да имаат исти генетски маркери – познати како „MSI-H“ и „dMMR“.

Овие биомаркери најчесто се наоѓаат кај ракот на ректумот и дебелото црево, на ендометриумот и гастринтестиналните тумори, но можат да бидат присутни и кај карциномот на дојка, простата, панкреас и штитна жлезда.

„Китруда“ се корист кај пациенти кои имаат тумори кои метастазирале или не можат хируршки да бидат отстранети.

Според извештајот од  „FDA“, од 149-те пациенти кои учествувале во клиничкото тестирање, 39,6 проценти имале целосна и делумна ремисија на болеста. Кај 78 проценти од овие пациенти ефектите од лекот траеле шест или повеќе месеци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail