Одобрен нов лек за ALS

kolicka.jpg

За втор пат во историјата, американската администрација за храна и лекови (FDA) одобри нов лек наменет исклучиво за третирање на ALS (амиотрофна латерална склероза), позната како Лу Герингова болест.

Лекот е наречен Едаравон и во САД ќе биде рекламиран под брендот Радикава, а на заболените од ALS ќе претставува нова дополнителна опција за подобрување на нивната состојба.

ALS е невродегенеративна болест која ги напаѓа нервните клетки кои ги контролираат доброволните движења на мускулите. Како овие клетки ослабуваат и изумираат, мускулите ослабуваат сè додека личноста веќе не е способна да се движи, зборува, џвака храна или да диши без помош од машини.

Просечниот животен век откога некој е дијагностициран со оваа болест е само околу 2 до 5 години, а најголемиот број заболени умираат поради откажување на белите дробови.

Клиничките тестови на Едаравонот покажале дека го забавува прогресот на болеста, а оригинално се користел во третмани за мозочен удар. Лекот е инаку развиен од Mitsubishi Tanabe Pharma Corporation во Јапонија, каде се користи за третмани на пациенти со ALS уште од 2015-та.

Единствениот друг лек за оваа болест е Рилузол кој е одобрен во 1995-та, што значи дека 22 години пациентите имале само една опција за лекување.

За жал, Радикава нема да биде евтин, ниту пак лесен за внесување. Оние кои треба да го земаат ќе треба да се подлежат на дневни интравенозни инфузии во траење од еден час, 14 дена по ред, и потоа да имаат 14 дена пауза од него. По иницијалната доза, следат 10 инфузии во рок од 14 дена, па потоа уште една двонеделна пауза, итн.

Цената ќе му биде $1086 по инфузија, а целиот третман без владините попусти ќе чини околу $145 525 – иако се работи на план за партиципација, со надеж дека некои пациенти ќе можат да се квалификуваат и за бесплатни третмани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail