Одобрен предлог законот за испраќање луѓе на Марс пред 2033 година

svet.jpg

Двата дома на Американскиот конгрес гласаа за поддршка за нов предлог закон кој одобрува подобро финансирање на NASA, со цел испраќање на луѓе на Марс пред 2033 година. „NASA Transition Authorization Act of 2017“, како што е неговото целосно име, ќе гарантира обезбедување на 19,508 милијарди долари финансирање за вселенската програма на NASA.

Единствено што се бара од страна на Американската вселенска агенција е прецизен план за одведувањето на луѓе „во близина на површината на Марс до 2030 година“. Законот, исто така ја обврзува NASA да продолжи со развојот на ракетата Space Launch System (SLS) и екипажот на новата програма Orion, со која луѓе ќе стигнат прво до Месечината, а потоа ќе почнат и активни истражувања на длабоката вселена

Пред законот останува само еден чекор – одобрение од претседателот Доналд Трамп. Прогнозите се тој да не го искористи правото на вето, бидејќи веќе повеќепати ја изрази својата поддршка за испраќање на истражувачки мисии на Марс.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail