uklo-1-scaled.jpg

УКЛО, Факултетот за безбедност – Скопје и програмската канцеларија на UN WOMEN организираа Форум со наслов: „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“.

Актуелноста на Форумот поврзана со теми за поголема застапеност на родовите перспективи во јавните политики, во политиките за национална безбедност и за подобрување и унапредување на законската регулатива, предизвика значителен интерес. Меѓу бројните гости од општествениот и политичкиот живот во државата на Форумот обраќања имаа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, резидентниот координатор на ООН во земјава Росана Дудзиак, и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски.

Проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски оцени дека Форумот ја подига свеста за состојбата на жената во безбедноста и одбраната, става акцент на идните конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во безбедносниот систем и воедно овозможува развивање инклузивни пристапи кон реформите во безбедносниот сектор преку создавање еднакви можности.

На Форумот меѓу другото, беа опсервирани и меѓународните трендови, најдобрите практики и институционални мерки во насока на подобрување на работните услови.

Форумот се одржа на на 14.12.2019 година во хотел „Дабл Три Хилтон“- Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail