ideja-2123-pixabay.jpg

Во организација на „Здружение на прехранбена технологија во Србија“ одржано е 7 национално натпреварување во креирање на иновативни прехранбени производи – „Екотрофелија Србија 2019“.

Натпреварувањето подразбира подготовка и презентација на иновативни прехранбени производи кој настанал во склоп на еколошкиот пристап во производство.

Победничкиот тим ќе ја претставува Србија во Германија на меѓународен натпревар „Екотрофелија 2019“ која се одржува во октмоври 2019 во Келн.

Од девет студентски тiмови, прво место освои тимот „CandyMoo“ од Земјоделскиот факултет со производство на производот МоCaMela кој претставува слатко сирење со дадоток на мед.

Второ место освои SoPro-Makers од Земјоделскиот факултет. Нивниот производ е SoPro-Shake, кој е создаден за протеински напиток заснован на млеко од соја со додаток на  пробиотски бактерии.

Трето место е “TeamHealth”  од Технолошкиот факултет во Нови Сад со здрава ужинка во форма на каша за деца наречена „Snack“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail