Одржан прием по повод успехот на УКЛО на државниот Ораторски натпревар

Odrzan-priem-po-povod-uspehot-na-UKLO-na-drzavniot-Oratorski-natprevar.jpg

ФИКТ - нов Е+ договор со престижниот ИСЕП од Париз

По повод  големиот успех на УКЛО на државниот Ораторски натпревар организиран по повод Денот на Европа – 9 Мај, во Ректоратот на УКЛО е одржан прием. Покрај студентите Снежана Секуловска од Правниот факултет и Ирена Димовска – Митревска од Педагошкиот факултет наградени со второ и трето место, на настанот присуствуваа и академски кадри од УКЛО вклучени во поддршката за активирање на студентскиот потенцијал како одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење.

Ректорот проф. д-р Сашо Коруновски  по повод успехот за УКЛО истакна дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола првпат освојува две од вкупно три ораторски награди и на најдобрите оратори им додели пригодни награди и благодарници. Приликата е искористена да се поттикнат најмладите членови од академската заедница да отвораат теми за кои сакаат да се дебатира и да изнесат иницијативи за вклучување во најразлични креативни форми на студентски активизам и интердисциплинарно поврзување, што целосно и сесрдно се поддржува од раководство на Универзитетот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail