Одржана ДЕНТАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА, во организација на Факултетот за мадицински науки, при УГД

unnamed-1.jpg

Од  13ти до 16ти септември, во хотел – Десарет, Пештани, се одржа првата ДЕНТАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА, во организација на Факултетот за мадицински науки, при Универзитетот ‘‘Гоце Делчев‘‘ – Штип.

Во текот на деновите, од 13ти до 16ти септември, акцент беше ставен на пет работилници – курсеви, од областа на Денталната медицина и забна Протетика, на кои учествуваа студенти од факултетот за Дентална медицина и стручни студии за забни техничари. На летната школа, присуствуваа 80 студенти од Факултетите од Република Македонија.

Со претходна теоретска подготовка, во рамките на летната школа, се одржаа следните работилници:

  • Workshop No.1: Basic concept of DSD digital smile design;
  • Workshop No.2: Basic Implantology Theoretical and Practical concept;
  • Workshop No.3: Gutta – Percha root sealing techniques;
  • Workshop No.4: Needles, suture materials and knots used in oral surgery procedures;
  • Workshop No.5: Tooth color and shade matching in Dentistry;

Дел од агендата по која се одвиваа настаните планирани за летната школа заземаа и гала – вечерта, во организација на домаќините и прошетка и разгледување на убавините на градот Охрид.

Организирањето на настани од ваков едукативен карактер полека преминуваат во традиција за Универзитетот ‘‘Гоце Делчев‘‘, а напорната работа и ажурност на организациониот тим резултира со успешноста на првата ДЕНТАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА, прва од ваков вид во нашата држава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail