Одржана втората обука во рамките на Еразмус + проектот „Развој на ООР и мешовити модули за земјоделство и рурален развој“

731a6dc4318cf751dad3c115902032ed_XL.jpg

Во рамките на Еразмус + програмата, како дел од проектот „Развој на ООР и мешовити модули за земјоделство и рурален развој“, во периодот од 30 јануари до 3 февруари во Медитеранскиот институт во Ханија, Грција, се одржа втората предвидена обука за партнерите од Грција.

Од Земјоделскиот факултет при УГД учествуваа проф. д-р Љупчо Михајлов, доц. д-р Фиданка Трајкова, доц. д-р Емилија Арсов и доц. д-р Биљана Балабанова.

Темата на обуката беше фокусирана на значењето на почвата за едно добро земјоделско производство, како и најчесто применувани лабораториски анализи за испитување на составот на почвата.

Обуката беше поделена во два дела: теоретски дел – преку размена на искуства и информации за почвениот менаџмент во Ханија и лабораториски дел – со практична анализа на составот на почвата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail