Slika-2.jpg

Со поздравно обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките зад економскиот успех на тековната администрација на САД, официјално беше отворено седмото издание на Самитот Македонија2025, каде врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.

„Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи како можности така и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод да ги разгледаме нив на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал. “ – изјави Ентони Б. Ким, Менаџер за истражување, Уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Дел од денешните панел-дискусиите се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, споредба на стратегиите за привлекување на директни странски инвестиции, како и најдобрите практики на светско ниво. Максимилијан Ламбертсон – Водечки аналтичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, изјави дека економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години.

„Регионот мина низ значителен период на прилагодување по светската економска криза во 2007-09, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика која поддржува раст. Предвидувме просечен раст на реалниот БДП од речиси 3.3% во 2018-22 кај земјите на Западен Балкан. “ – додава тој.

Имајќи го предвид зголемениот интерес за инвестирање во оваа област, една од темите на Самитот денеска ќе биде и производството на канабис за медицински цели. Исто така ќе презентираме успешни македонски компании, а веќе утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

На самитот ќе има повеќе од 15 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail