Во име на нашиот клиент Динерс Клуб Македонија, компанија со 25 годишна традиција во областа на платежно кредитните картички, ДЕКРА ја огласува позицијата:
Офис Менаџер
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА
Управување со дневните канцелариски функции / активности;
Спроведување на канцелариските политики и процедури;
Вршење нарачки на канцелариски и потрошен материјал;
Одговарање и проследување на влезна комуникација;
Одржување комуникација и деловни односи со соработници и добавувачи;
Прием на гости и деловни соработници и нивно спроведување до соодветен вработен / оддел / канцеларија;
Водење на дигитална архива – прием и заверка на влезни / излезни документи и нивна распределба;
Комуникација со надворешна (outsourcing) фирма за управување со физичка архива – предавање, попис и поништување на архивски документи;
Учество во процес на попис на основни средства;
Организирање и планирање на состаноци на вработени;
Организирање и планирање на деловни настани во и надвор од канцеларија;
Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друштвото.
КВАЛИФИКАЦИИ
Завршено високо образование;
Одлична работа со компјутери;
Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено);
Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
Познавање на канцелариско и архивско работење ќе се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
Способност за тимска работа;
Способност за истовремена работа на повеќе задачи;
Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
Професионалност и дискретност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е : 15/03/2022
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]
извор: кариера.мк