Оглас за ангажирање лица во проектаната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

mon.jpg

Резултати од конкурс за доделување на стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

Проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.  Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образовани и наука има потреба од ангажирање на 3 (три) лица во проектната единица за имплементација на проектот на следниве позиции:

–          Аситент за набавки (1 лице)

–          Проектен аситент (1 лице)

–          Супервизор асистент (1 лице)

Минималните критериуми кои треба да ги исполнуваат лицата на наведените позициите се следниве:

        I.  За позиција проектен  асистент:

–   Високо образование – студии од областа на општи науки (Економски факултет)

–   Најмалку 3 (три) години работно искуство

–   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

–   Работа со компјутери (MS Office)

     II За позиција супервизор-асистент:

–   Високо образование –студии од областа на градежништвото или архитектура

–   Најмалку 3 (три) години работно искуство

–   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

–   Работа со компјутери (MS Office)

–   Возачка дозвола Б категорија

  III.   За позиција асистент за јавни набавки:

– Високо образование – студии од областа на општи науки (Правен факултет)

–   Најмалку 3 (три) години работно искуство

–   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

–   Работа со компјутери (MS Office)

Покрај наведените критериуми за секоја од позициите избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

– Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

– Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;

– Способност за расчистување на проблематични ситуации;

– Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи

Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

–          кратка биографија на македонски јазик (CV) и

–          писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за која позиција аплицираат

Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието.

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните услови од овој оглас се одбиваат.

Апликациите треба да се достават најдоцна до 14.12.2020 година на mail [email protected]

Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати.

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail