ОГЛАС ЗА РАБОТА: Сакате ли да работите за кралицата Елизабета – Отворен конкурс за работа во Бакингемската палата

elizabeta1.jpg

Aко сте сонувале да ја посетите Англија, да го запознаете кралското семејство и да живеете во најпознатата британска палата – еве ви шанса.

Кралицата Елизабета овие денови е во сериозна потрага за нов станар во Бакингемската палата! Деловната понуда е објавена на страната на Бакингемската палата, се бара шеф на кујната и готвачи кои ќе му помагаат на новиот шеф. Платата изнесува солидни 20 000 фунти годишно. Идниот шеф на кујната ќе може бесплатно да јаде, не плаќа кирија и има 33 дена одмор во годината. Работи само пет дена неделно.

Од новиот вработен се очекува да ја оддржува кујната и просторииите околу кујната совршено чисти, да ја кординира работата на готвачите кои навремено ќе мора да ја доставуваат храната по предходно договорен план. Сепак, најинтересен дел од огласот во е што пишува дека работно искуство не е потребно.

Се очекува да биде “тимски играч, да покажува иницијатива и да работи со колегите за да се постигне пријатна работна атмосфера.“-објаснуваат од ПР службата на кралското семејство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail