Оглас за вработување – Графички дизајнер

graphic_designer_billboard_970x250.png

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, со внимание проследете го овој оглас.

Како треба да изгледа нашиот креативец? Да има задолжително софтверско познавање oд Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и Corel Draw. Да биде позитивна личност, спремна за тимска работа, со комуникациски способности и желба за учење на нови работи. Дополнителна предност ќе имаат сите оние кандидати кои ќе имаат делумни софтверски познавања и од Adobe Flash, After Effects и Premiere Pro. Како и дополнителни способности како работа на брзи рокови, артистички и HTML способности.

Работната позиција овозможува одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим, континуирана обука.

Нето почетна плата во износ од 27.500 денари.

Работно време од понеделник до петок (8:00 – 16:00 часот).

Писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија, сопствено портфолио, копија од уверение за завршено потребно образование, копија од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта: [email protected] со назнака: „Оглас за графички дизајнер“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail