Оглас за вработување – Копирајтер

copywriter_billboard_970x250.png

Маркетинг агенција бара копирајтер со следниве способности:

  • Позитивна и комуникативна личност;
  • Тимски играч со одлични интерперсонални вештини;
  • Желба за ново знаење;
  • Креативно размислување;
  • Искуство и/или знаења за пишување на бизнис промотивни статии, особено текстови за online публикувања;
  • Добри комуникациски (писмени и усмени), организациски и презентациски вештини.

Опис на работата и одговорностите:

  • Креативно пишување на статии, реклами, вести, блогови и осмислување на промотивни слогани и наслови за маркетинг цели
  • Креирање и собирање на информации, пишување и уредување на содржини за корпоративни сајтови;
  • Дизајнирање ефективна промотивна стратегија за огласување на Интернет и социјалните мрежи;
  • Креирање на идејни маркетинг концепти и кампањи;
  • Активна соработка со членовите на креативен тим.

Што нудиме:

  • Паричен износ на основна нето плата: од 18.000 денари до 30.000 денари;
  • Учење и можност за професионален развој;
  • Пријателска и флексибилна работна средина.

Дополнителна предност ќе имаат сите оние кандидати кои имаат одлично познавање на граматика и правопис на англиски јазик.

Сите заинтересирани кандидати да ја испратат кратката биографија на [email protected] со назнака „Оглас за копирајтер“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail