Оглас за вработување на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

sparkaze.jpg

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:

Помлад стручен соработник за население, Регионална Дирекција – Центар (Скопје), Сектор за управување со физички лица.

(Определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Надгледување на пласманите и наплата – следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата;

VII-1 степен, ВСС, Eкономски факултет;
Најмалку 1 година работа на продажба на производи и услуги на
Банката;

Познавање на сите кредитни, картични и депозитни производи и
услуги на банката наменети за население како и познавање на

другите услуги што ги нуди банката;

Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS
Office), Англиски – комуникациски вештини;

Опис на работното место/одговорности:

Сеопфатно сервисирање ( финансиски и сите останати банкарски услуги ) на клиенти – примање и обработка на кредитни барања и цела пропратна документација од клиентите, евидентирање на инструментите за обезбедување;
Врши анализа на кредитните барања и дава предлог мислење до соодветното ниво на одлучување;
Дава информации за депозитните продукти на банката и совети за орочување;
Опслужува клиенти кои активно користат еден или повеќе производи;
Води евиденција на клиентите, со цел запознавање на нивните потенцијални потреби, запознавање на клиентите со понудата на банката;
Развој на депозитно и кредитно портфолио на експозитурата;
Одржување квалитетни контакти со клиентите, а по потреба посета на
клиентите;

Давање информации за производите на банката – лично, телефонски или
преку е-маил;

Целосна одговорност за ризикот, успехот и обемот на своето работење;
Одговорност за квалитетот на услугата према клиентот;
Предложување мерки за подобрување на продажбата во договор со
надлежните и анализа на резултатите;

Превзема мерки со цел зголемување на бројот на производите кои ги
користи клиентот (cross selling),

Одговорност за реализација согласно насоките на деловната политика на
ниво на експозитура;

Воспоставување на контакти со потенцијалните клиенти;
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Минималната основна месечна нето плата за бараното работно место изнесува 21.900,00 денари а максимумот изнесува 34.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 10.08.2018 година.Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail