Оглас за вработување во Алкалоид

alkaloid1.gif

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас.

А Л К А Л О И Д   А Д  С К О П Ј Е

го објавува следното слободно работно место:

1.        ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации
1.1.    Специјалист за социјални медиуми – 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини

–    Задолжително е работно искуство од минимум 2 години во маркетинг агенција или во агенција за дигитални комуникации
–    ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг/Е-бизнис
–    Одлично познавање на работата во пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point).
–    Одлично познавање англиски јазик.
–    Ефективни copywriting способности за дигитални медиуми.
–    Одлично познавање на интернет-маркетингот и на социјалните мрежи
–    Креативност, проактивност
–    Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини
–    Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови

Цел и одговорност на работното место

–    Водење на брендовите на социјалните медиуми
–    Креирање стратегии за социјални медиуми за брендовите
–    Изработка на комуникациски планови за брендовите
–    Следење и анализа на дигиталниот пазар/социјалните медиуми
–    Менаџирање на онлајн-заедниците и на репутацијата на брендовите
–    Креирање, следење и оптимизирање на кампањите за брендовите преку социјалните медиуми
–    Управување со веб-страниците на брендовите
–    Следење на најновите трендови и нивна имплементација во секојдневното работење

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.000 МКД до 35.000 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:

career@alkaloid.com.mk

со назнака: „За оглас – 1.1.    Специјалист за социјални медиуми“.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top