Оглас за вработување во Де Интернационал… Нето плата: 46.125 денари

deinternational.jpg

ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје – сервисно друштво на Делегацијата на Германското стопанство во Македонија бара за работа од 15 септември 2018 година:

Овластен(а) сметководител(ка) со лиценца

Основна нето плата: 46,125 МКД

Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

Завршено високо образование (Економски фактултет)
Одлично познавање на локалните сметководствени стандарди, сметководствената пракса, како и законските прописи за известување
Задолжително познавање на МСФИ стандардите
Одлично познавање на работа со компјутер (МС Офис и Интернет)
Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и зборување)
Познавање германски јазик ќе се смета за предност
Работно искуство од најмалку 10 години
Искуство во работа со Pantheon ќе се смета за предност
Искуство во работа како регистрационен агент ќе се смета за предност
Уверение за овластен сметководител издадено од Министерството за финансии
Способност за тимска работа
Амбициозна, исполнителна и педантна личност, со способност да работи во динамична работна средина
Потребни документи за аплицирање:
Мотивационо писмо на англиски или германски јазик
Биографија на англиски или германски јазик
Копија од Уверение за завршено образование
Копија од Уверение за овластен сметководител
Фотографија не постара од 6 месеци

Документите да се достават на мејл: [email protected]

Ве молиме без телефонски повици.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail