Оглас за вработување во МАНУ, плата 58,890 денари

manu-6-.jpg

Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите распишува

Конкурс
за избор на еден (1) кандидат во звањето научен соработник од областа на правните науки во Центарот за стратегиски истражувања

– Еден (1) кандидат од областа на правните науки. Покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат посебните услови предвидени во член 36 Законот за научноистражувачката дејност („Сл. весник наРМ” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 и 145/15) и член 13, 14, 15 и 16, од Правилникот за организација на работа на научните и уметничките организациони единици во Македонската академија на науките и уметностите („Билтен” бр. 3/2013):
– да има научен степен доктор на науки од подрачјето за кое се избира;
– повеќе рецензирани научни трудови објавени самостојно или во соработка со други автори, учество во научноистражувачки проекти и има значајни постигнувања во примената на научноистражувачки резултати, придонес во оспособувањето на научноистражувачките кадри, како и знаење на англиски јазик;
– да има објавени научни трудови во домашни и странски научни списанија и во други публикации кои се од значење за развојот на науката и струката и кои го потврдуваат владеењето на проблематиката на која се избира;
– да имаат постигнувања во научноистражувачката и наставнонаучната дејност

Согласно член 23 од ЗРО (ПТ „Сл. весник на РМ” бр. 145/14 од 3. 10. 2014 год. се објавува
– Висина на основни месечни бруто примања за научен соработник изнесува 58. 890, 00 денари.
– Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8. 00 – 16. 00 часот).
Кон пријавата за конкурс, кандидатите да достават C-V, диплома за научен степен доктор на науки; список на објавени научни и стручни трудови и по еден примерок од секој труд и Уверение за државјанство.

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

Конкурсот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето, a пријавите со потребните документи се поднесуваат на адреса: Македонската академија на науките и уметностите, Бул. „Крсте Мисирков” бр 2 Скопје, лично или препорачано по пошта.

Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат. МАНУ/ЦСИ

Активен до: 23.02.2017

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail