sparkaze.jpg

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ТРЕЗОР И БЕЗБЕДНОСТ, СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИМОТ И БЕЗБЕДНОСТ

(1 позициja, определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

VII-1 степен, ВСС, Факултет за безбедност, Eкономски факултет, Правен факултет;
Минимум 3 години работно искуство во иста или слична област; искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност;
Високо познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување, високо познавање и искуство во безбедност и здравје при работа;
Одлично познавање на Microsoft Office, internet, одлично познавање на техничките карактеристики на системите за безбедност, англиски јазик – активно познавање;
Опис на работното место/одговорности:

Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на вработените имотот на Банката;
Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените (преку обуки и процедури),
Предлага и организира активности за превенција и намалување на ризикот од штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Изработува процедури, упатства и други документи за безбедноста во склад со безбедносниот ризик како и законските регулативи и имплементација на истите;
Активно учествува со предлози за подобрување на безбедноста на Банката;
Води евиденција за сервиси и отклонување на технички проблеми на системите за безбедност;
Одговорен за активности за интервенции во случај на инциденти и загрозување на безбедноста на Банката;
Во соработка со одделението за набавка дава препорака за услугите за физичкотехничко обезбедување и осигурување (анализа на понудите и предлагање на најповолен понудувач),
Одговорен е за активностите на Осигурување на имотот и вработените на Банката, и спроведување на постапка за наплата на штета;
Организирање и спроведување на законот од областа на заштита и безбедност при работа;
Организирање и спроведување на законот од областа на заштита од пожар;
Учествува при договор за осигурување со осигурителната компанија и води евиденција,
Предлага проекти за зголемување на степенот на безбедност на вработените и целиот имот со примена на техничко и физичко обезбедување;
Одговорен за организирање транспорт на вредносни пратки и полнење на банкомати;
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 28.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 29.01.2018 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail