Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

stopanska-banka.jpg

За прием на работник на работно место Проценител, Дирекција за недвижен имот (1 работно место)

Врши проценки и услуги поврзани со проценка на имот. Оценува извештаи за извршени проценки од страна на надворешни и внатрешни проценители. Врши посета и увид во понуденото обезбедување (подвижен и недвижен имот). Комуницира со независни проценители и клиенти на Банката за технички, процедурални или други прашања поврзани со обезбедените услуги со цел да се осигура најдобар можен производ,

Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:
Дипломиран градежен инженер/ архитект или машински инженер
Минимум петгодишно работно искуство во областа
Уверение за положен стручен испит за проценувач во соодветната област: недвижен имот, транспортни средства и/или машини и опрема
Неопходно е претходно искуство како проценувач на имот
Активно познавање на англиски јазик
Познавање на работа со компјутери
Возачка дозвола од Б категорија

Лични карактермстики:
Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
Одличии организациски и комуникациски -вештини
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од минимум 32.000 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлукa на Банката. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување’ и професионален напредок на своите вработеии.

Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет стрaницата на Банката или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 5. 1. 2018 година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295 277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top