Оглас за вработување во Стопанска комора на Македонија… Основна нето плата: 28.595,00 денари

stopanskakomora.jpg
Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13, 113/14,20/2015, 33/2015, 72/2015; 129/2015 и 27/2016), Стопанската комора на Македонија, објавува
 
О Г Л А С
за вработување дипломиран инженер архитект или градежен инженер на работно место советник за работи од областа на Здружението на градежништвото и други здруженија, групации, асоцијации и други форми во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија 

Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на определено време (шест месеци), со можност за постојано вработување, на еден извршител дипломиран инженер архитект или градежен инженер на работно место советник за работи од областа на Здружението на градежништвото, групациите, асоцијациите и другите форми во рамките на Здружението во Дирекцијата на здруженија и регионални комори, во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија.

Опис на работни задачи:
• подготовка на предлози на програмите и плановите за работа на Здружението на градежништво;
• подготовка и организирање на седници и состаноци на Здружението;
• промовирање на работењето на Комората кај членките на Комората и кај други фирми;
• подготвување информации, анализи, предлози на акти и други документи во врска со работењето на дејностите на фирмите-членки на Здружението на градежништво, асоцијациите, групациите и на други форми на организирање и работење во рамките на Здружението;
• следење на тековните стопански движења и условите на стопанисување, обработка на информации, податоци и предлагање мерки за подобрување на условите за стопанисување за дејностите на фирмите – членки на Здружението, асоцијациите, групациите и на другите форми на организирање и работење во рамките на Здружението;
• согледување на ефектите од примената на законските и другите прописи од дејностите на фирмите – членки на Здружението, асоцијациите, групациите и на другите форми на организирање и работење во рамките на Здружението;
• давање предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од дејностите на фирмите – членки на Здружението, асоцијациите, групациите и на другите форми на организирање и работење во рамките на Здружението;
• остварување на редовни контакти со фирмите-членки на Здружението, асоцијациите, групациите и на другите форми на организирање и работење во рамките на Здружението за состаноци, посети, мисии, форуми и други настани што можат да бидат од нивен интерес и организирање и помош на нивното учество на истите.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
– високо образование:дипломиран инженер архитект или градежен инженер;
– одлично познавање англиски јазик;
– работно искуство од 10 години во областа на градежништвото;
– искуство во реалниот сектор во областа на градежништвото ќе се смета за предност;
– познавање на работа со компјутери (ACAD, Microsoft Office, MS Project);
– одлично познавање на Закон за градење и другите позитивни законски прописи и подзаконски акти од областа на градежништвото;
– познавање на оперативни практики на градежништвото, следење и проучување на стандардите и нивните промени;
– доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, комуникативност;
– ефикасност и организираност.

Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Основна месечна нето плата изнесува 28.595,00 денари.

Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија и мотивационо писмо, копија од диплома за завршено високо образование -дипломиран инженер архитект или градежен инженер и копија од сертификат за познавање англиски јазик, на следната адреса:

Стопанска комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски бр. 13 – Скопје
или 
наведените документи во скенирана форма на следната е – адреса: ana@mchamber.mk 

Контакт: Ана Стерјовска , тел: 02/ 3 244 037.

Рокот за пријавување до 10.02.2018 година.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top